Според информациите на реномираниот шпански „АС“ Манчестер Сити испратил понуда од 89 милиони евра за стоперот на Атлетико Мадрид Хозе Хименез.
Освен 89 милиони евра фиксна оштета, Сити нуди и пет милиони евра преку бонуси кои би се исплатиле во зависност од учинокот на Уругваецот во новиот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико не сака да го продаде Хименез, но тешко би можеле да игнорираат таква понуда. Без оглед на се, Атлетико сепак може да ја одбие оваа понуда затоа што во договорот Хименез има откупна клазула од 120 милиони евра.
Ако во случај дојде до овој трансфер Хименез би станал најскапиот стопер во историјата на фудбалот рушејќи го рекордот на Хари Мегваер.