Пред неколку дена во шпанските медиуми се појави вест дека Саул Нигез на лето ќе го напушти Атлетико Мадрид.
Саул со Атлетико има договор до летото 2026 година, но изгледа „пукна љубовта“ помеѓу него и Диего Симеоне. Мадритски „АС“ објави пред неколку дена дека Саул ќе ја продолжи кариерата во Манчестер Сити за околу 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Овој фудбалер е многу важен во Атлетико Мадрид и очигледно е дека нешто не е во ред. Шпекулациите за заминувањето на Саул се се посилни и тоа наводно поради конфликтот кој го имал со тренерот.
Според информациите Саул и Симеоне имале жестока расправија пред неколку недели после што аргентинскиот стратег му кажал дека може слободно да си замине и дека нема да биде во неговите планови за наредната сезона.
Оваа вест ги изненади навивачите на Атлетико кои порачаа дека управата мора да направи се што може да за да ги подобри односите помеѓу Саул и Симеоне.