Дома Фудбал Англија Сити отпишан од еден трофеј: Виган славеше над „непобедливиот“ тим на Гвардиола (ВИДЕО)

Сити отпишан од еден трофеј: Виган славеше над „непобедливиот“ тим на Гвардиола (ВИДЕО)

Манчестер Сити иако не го потцени својот противник во рамки на осминафиналето во ФА Купот, екипата на Виган, сепак домашниот тим успеа да го исфрли најсилниот тим сезонава од битката за трофејот на најстарото натпреварување на светот.

„Граѓаните“ не успеаа да ја затресат мрежата на противникот, а пред крајот на првиот дел Делф заработи и црвен картон, што подоцна предизвика немири и расправии во тунелот помеѓу Пол Кук и Пеп Гвардиола, што се чини придонесе за уште понесигурна игра на Сити во продолжението.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Единствениот погодок на мечот го постигна Вил Григ во 79. минута, и така обезбеди пласман во следната фаза за својот тим.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Играчи на Реал Мадрид добија нови автомобили – еве што избраа

Фудбалерите на Реал Мадрид ги преземаа своите нови службени возила на специјална свеченост…