Кога шпанскиот репрезентативец Родри дојде во Манчестер Сити од Атлетико Мадрид во летото 2019 година за 70 милиони евра се очекуваше да биде големо засилување во средниот ред, а Шпанецот стана и повеќе од тоа.
Родри стана можеби клучен играч во тимот кој со години доминира во Англија, освојувајќи титули во националниот шампионат, а минатата сезона стана најдобар во Европа со освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Од колкава важност е во тимот на Гвардиола покажува и новиот договор кој се најавува во медиумите на Островот.
Според англиските медиуми, Родрија го чека нов, изменет договор на шест години, до летото 2030 година и многу поголема плата.
Шпанецот моментално заработува 180.000 фунти неделно, а според новиот договор, секоја недела на неговата сметка би „легнувале“ по 300.000 британски банкноти (350.000 евра).
Преговорите меѓу Сити и Родри би требало да започнат на крајот на сезоната, а дотогаш фокусот е на одбрана на титулите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.