Дома Фудбал Англија Сити му нуди нов договор на Пеп и НЕВЕРОЈАТНА плата!

Сити му нуди нов договор на Пеп и НЕВЕРОЈАТНА плата!

Раководството на Манчестер Сити има намера да му понуди нов, тригодишен договор на Пеп Гвардиола, откриваат англиските медиуми.

46-годишниот Каталонец сезоната ја започна со 17 победи и едно реми во првите 18 натпревари од Премиер лигата и постави нов рекод. Тоа го натера извршниот директор Феран Сориано да му предложи нов договор на Гвардиола.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Веста денес ја објави „Скај Спорт“ и открива дека големата предност која ја има Сити пред ривалите ќе му дозволи на раководството по рано да ги започне преговорите со Гвардиола.

Каталонскиот стратег има договор со Манчестер Сити до 2020 година, но раководството сака тој да биде продолжен до 2023 година.

Англиските медиуми откриваат дека со новиот договор Гвардиола годишно ќе заработува 20 милиони фунти по сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Марка тврди, ќе се напише историја: Шпанците ќе имаат 6 тима во Лигата на шампионите

Следната сезона Шпанија ќе има пет учесници во фудбалската Лига на шампионите, со можност …