Клубовите од Манчестер уште сега се припремаат за зимскиот преоден рок, а медиумите на Островот најавуваат нова „војна“ за ѕвездата на Вулверхемптон, Рубен Невеш.
Манчестер Сити е сериозено заинтересиран за португалскиот плејмејкер и веќе презел конкренти чекори за негов ангажман во јануари. Меѓутоа, на „Етихад“ се загрижени од потенцијаната понуда која може да пристигне за Невеш од „Олд Трафорд“ бидејќи Јунајтед се вклучи во трката за неговиот потпис.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
21-годишниот Рубен Невеш пристигна во Вулверхемптон во 2017 година од Порто за 18 милиони евра и веднаш го докажа својот квалитет на Островот. Поради тоа јасно е дека клубите од Манчестер ќе треба добро да го одврзат ќесето за да го донесат во своите редови,
Невеш има договор со „волците“ до 2023 година и сигурно нема да го пуштат да замине за понуда пониска од 60 милиони фунти.