За прв пат во историјата еден клуб инвестирал повеќе од една милијарда евра за да го формира тимот, а тоа е Манчестер Сити.
Иако делуваше дека „граѓаните“ не се многу активни во летниот преоден рок, сепак клубот од „Етигад“ прв ја сруши оваа маѓична бројка. Имено, за актуелниот состав клубот потропил повеќе од една милијарда евра.
Манчестер Сити треба да победи - и тоа кога е најтешко! ↓↓↓
Други два клуба се многу блиску до таа сума: Пари Сент Жермен (913 милиони) и Реал Мадрид (902 милиони евра).
Во Топ 5 се уште Манчестер Јунајтед и Јувентус. „Црвените ѓаволи“ за актуелниот тим потрошиле 751 милион евра, додека „старата дама“ тимот ја чинел 719 милиони евра.
First billion euro squad in football history: @ManCity invested an estimated €1.014 bn in transfer fees (add-ons included) to sign current players; @PSG_inside (€913M) & @realmadrid (€902M) not that far; more in last @CIES_Football Weekly Post ➡️ https://t.co/FArDQRyXFj pic.twitter.com/hVrBAKDkpp
— CIES Football Obs (@CIES_Football) September 9, 2019