Англискиот првак Манчестер Сити од наредната сезона би требало да влезе уште посилен од минатата сезона, кога се прошета до титулата во ПЛ.
Ако се верува на пишувањата на британските медиуми, Граѓаните до крајот на оваа недела би требало да претстават двајца нови фудбалери со кои конкуренцијата во екипата дополнително ќе се зголеми.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Наводно Сити ги договорил Жоргињо од Наполи, кој би требало да го плати 55 милиони евра. Бразилскиот фудбалер моментално е на одмор, но веќе испратил барање за трансфер на Етихад каде годишно ќе заработува 4.2 милиони евра, што е многу повеќе од досегашната заработка во Наполи (1.6 мил).
Другото големо засилување за Сити би требало да биде Ријад Марез, кој во јануарскиот преоден рок беше блиску до трансфер на Етихад но тогаш Лестер не го пушти да замине. Алжирецот кратко беше во штрајк, пропушти неколку тренинзи и натпревари, а потоа се врати и коректно ја одигра сезоната до крајот, иако не е никаква тајна дека одамна сака да го напушти Лестер.
Лестер за Марез во јануари бараше 80 милиони евра, но тоа беше премногу, а сега поранешниот англиски шампион би требало да прифати сума од 68 милиони евра.
Жоргињо и Марез не се на списокот на Наполи и Лестер за почетокот на новите припреми, што е јасен знак дека нема уште долго да се задржат во клубовите