Aргентинскиот напаѓач Гонзало Игуаин во наредните денови ќе го напушти Јувентус.
Андреа Пирло пред некое време јавно кажа дека не го гледа Игуаин во новиот проект и клубот нема да смета на него. Поради тоа Јувентус е во потрага по нов напаѓа.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо вечерва објави дека Игуаин донел конечна одлука.
Според неговите информации Игуаин постигнал договор со управата на Јувентус за раскинување на соработката и како слободен играч ќе потпише за Интер Мајами.
Познато е дека сопственик на Интер Мајами е Дејвид Бекам, па и тој лично учествувал во преговорите. Игуаин прво сакаше да остане во Европа, но на крајот се одлучи да се пресели во МЛС лигата.
Paperworks to be signed on next hours for Gonzalo Higuain to Inter Miami, done deal: here we go confirmed! The agreemenr has been completed – personal terms ok. He’ll be in the USA soon to sign his contract and join MLS. ??? #Juve #Higuain #MLS #transfers
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 10, 2020