Кога Никола Калиниќ го напушти Хајдук, многумина во регионот мислеа дека неговиот избор за тренер Џенаро Гатузо, исто така, наскоро ќе го напушти клубот, но тоа не се случи, а сега Италијанецот е и во многу подобра позиција.
Имено, Гатузо е избран за тренер на месецот во хрватското првенство.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Гатузо го предводеше Хајдук до првото место на табелата со пет победи, три нерешени и без пораз, исто како и Риека со која Хајдук го дели врвот на табелата. Италијанецот може да се пофали и со победа во најголемото дерби во хрватскиот фудбал, во кое Хајдук го победи Динамо на Максимир со резултат 0:1.
Хајдук во септември го има и најдобриот играч на првенството, поточно Марко Ливаја, за кого ова е втора месечна награда по ред.