Се уште не се знае кој ќе биде новиот тренер на Барселона откако Луис Енрике потврди дека на крајот на сезоната ќе го напушти кормилото.
Од денот кога Енрике најави заминување од „Камп Ноу“, медиумите не престануваат да лецитраат со имиња за негов наследник. Меѓу фаворитите за тренерското столче се најде и Роналд Куман, актуелниот тренер на Евертон.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Поласкан сум и мило ми е што размислуваат за мене. Сите знаат дека јас сум Барса. Знаат дека го сакам клубот во кој израснав како играч и како личност. Една од моите најголеми професионални желби е да ја водам Барса еден ден. Тоа е вистина“, изјави Куман кој играше за Барселона од 1989 до 1995 година.
Сепак, каталонските медиуми пренесуваат дека Барселона се насочила кон Ернесто Валверде и е блиску до договор со актуелниот тренер на Атлетик Билбао, кој ќе биде слободен на крајот на сезоата.
И Валверде исто така е поранешен играч на Барселона и со каталонскиот клуб го освои Купот на победниците на куповите.