Дома Фудбал Останато Сите зборуваа дека е арогантен и неблагодарен – Но ЕВЕ зошто Самир Насри е таков каков што е!

Сите зборуваа дека е арогантен и неблагодарен – Но ЕВЕ зошто Самир Насри е таков каков што е!

Кога на само 17 години се појави на големата сцена во дресот на Марсеј, бројни стручњаци токму во него ја гледаа иднината на францускиот фудбал и играч кој ќе биде лидер на генерацијата која доаѓаше после Зидан.

Самир Насри беше фантастичен талент, играч со визија, дриблинг и потег, но исто така беше и фудбалер кој е познат по правењето проблеми.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Колку што беше добар фудбалер толку беше безобразен и пргав. Во скоро секој клуб каде што настапуваше не успеваше да се прилагоди, беше склон на инциденти и секогаш беше со некого во конфликт. Без разлика дали тоа се противниците или тренерите.

Според капацитетот на неговиот талент требаше да има многу поголема кариера, но тој направи кариера обележана со многу контроверзии. Настапуваше за Арсенал и Севиља, а од оваа сезона ги брани боите на Анталиспор. За репрезентацијата на Франција одигра 41 натпревар и постигна пет погодоци. После конфликтот со Дидиер Дешам пред Светското првенство Бразил објави дека никогаш повеќе нема да настапува за „триколорите“.

Насри пред неколку дена даде интерсно интервју за „Canal +“, а една негова изјава посебно одекна во фудбалскиот свет.

„Имав менингитис. Поминав 12 дена во болница и тогаш открив какви се навистина луѓето. Никој од моите таканаречени пријатели не дојде да ме посети и да ме праша како сум. Бев сосема сам и никого немав покрај себе. Потоа луѓето тврдеа дека сум арогантен, дека парите ме промениле, пишуваа се и сешто. Морав да се променам и да станам она што сум денес“, изјави Насри.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аморим: Јас сум вистинскиот човек за Манчестер Јунајтед🎥

Рубен Аморим денес ја имаше првата пресконференција како тренер на Манчестер Јунајтед. Амо…