Mик Шумахер, синот на седумкратниот светски шампион Михаел Шумахер направил најмногу штета на својот болид во изминатата сезона во Формула 1.
Мик кој вози за Хас на болидот му нанел штета од четири милиони фунти. Предното крило му било оштетено осум пат, предниот дел девет…Направил повеќе штета и од тимскиот колега Никита Мзепин кој тимот го чинеше два милиони фунти, двојно помалку од Шумахер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сезоната 22-годишниот Шумахер ја заврши без бодови, а најдобриот пласман му беше 12. позиција на трката во Унгарија. Имаше три откажувања во 22 трки.
На второто место зад Шумахер е Шарл Леклер од Ферари кој италијанскиот тим го чинел 3.5 милиони фунти, додека шампионот Макс Верстапен на својот болид направил штета од 3.3 милиони фунти.