Дома Останати Кошарка Синот на легендарниот Предраг Стојаковиќ место за Србија, ќе игра за Грција

Синот на легендарниот Предраг Стојаковиќ место за Србија, ќе игра за Грција

Андреј Стојаковиќ, синот на легендарниот Предраг Стојаковиќ, ќе учествува на „Ол-Американ“ натпревар, а претходно изјави дека ќе ги претставува Грција и Сакраменто.

Оваа изјава нема да ѝ се допадне на српската јавност бидејќи Стојаковиќ очигледно не планира да игра за државата на неговиот татко, туку ќе го облече дресот на нашиот јужен сосед од каде што потекнува мајка му.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Возбуден сум што ќе ги претставувам Сакраменто и Грција“, порача младиот Стојаковиќ.

Андреј е роден во Солун, Грција, а порасна во Америка. Тој е висок 201 сантиметар и може да игра на позициите бек и крило.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Обвинителството со детали за апсењето на екс-кошаркарот Штимац во Белград

Во Вишото јавно обвинителство во Белград испитан беше поранешниот кошаркар Владимир Штимац…