Според најавите Наполи наскоро ќе добие фантастично засилување во нападот. Клубот од Неапол успеал да постигне договор со Верона за доведување на Џовани Симеоне.




Италијанскиот експерт за трансфери Фабрицио Романо објави детали и порача дека наскоро трансферот ќе биде и потврден. Симеоне во Наполи би играл како позајмен играч во сезоната 2022/2023 за 3.5 милиони евра.




До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст
На крајот од сезоната Наполи ќе има опција да го откупи неговиот договор за 12 милиони евра.




Пред Симеоне Наполи утрово го потврди трансферот на искусниот голман Салваторе Сиригу кој пристигна како слободен играч откако му истече договорот со Џенова.