Дома Фудбал Останато Синот на Анчелоти го напушта Реал, започнува самостојна тренерска кариера

Синот на Анчелоти го напушта Реал, започнува самостојна тренерска кариера

Една интересна вест ни пристигнува од тренерскиот свет – Давиде Анчелоти, синот на тренерот на Реал Мадрид, ќе го преземе Базел.

Давиде е помошник на неговиот татко во Реал Мадрид, а во фудбалската јавност се тврди дека е вистински наследник Дон Карло, како одличен тактичар.


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


„Марка“ пренесува дека е подготвен да започне самостојна тренерска кариера, а понуда добил од швајцарски Базел.

Давиде Анчелоти има само 33 години и јасно е дека е на самиот почеток на кариерата, а Базел звучи како голем предизвик, но и вистински чекор, бидејќи не е една од најсилните европски лиги.

Анчелоти „јуниор“ немаше играчка кариера, иако беше во помладите категории на Милан, но реално, само затоа што неговиот татко во тој период беше на клупата на „росонерите“.

Она што е особено интересно е тоа што тој е помошник на својот татко од неговата 27-та година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Французите разочарани: Мбапе донел важна одлука

Килијан Мбапе според последните информации донел одлука да ја стави репрезентацијата на Фр…