Дома Трансфер зона „Сините“ во пол позција за отпишаниот ас на „кралевите“!

„Сините“ во пол позција за отпишаниот ас на „кралевите“!

Ќе добие ли Антонио Конте огромно засилување од Мадрид?

Фудбалскиот клуб Челзи влегува во трката за потписот Џејмс Родригез од Реал Мадрид.


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Мадритски „Ас“ пренесува дека Челзи во овој момент е во пол позиција да го доведе одличниот Колумбиец за 70 милиони фунти.

Родригез не е во плановите на Зидан, тоа Французинот го покажа кога го изостави од составот за финалето во Лигата на шампионите.

Реал сака да го продаде Родригез и тие пари да ги искористи за трансфер на Килијан Мбапе од Монако. Конте од Абрамович наводно побарал да му биде донесен Родригез кога веќе не успеа во намерата да го доведе Алваро Мората.

Родригез во Реал Мадрид пристигна летото 2014 година за 80 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

На „Енфилд“ загрижени поради договорот на Арнолд, Реал веќе ги направил првите контакти

На крајот на актуелната сезона истекува договорот на Трент Александер Арнолд, а навивачите…