Дома Останати Тенис Синер против Ѓоковиќ денеска направи нешто што не му успеало на никој друг претходно

Синер против Ѓоковиќ денеска направи нешто што не му успеало на никој друг претходно

Италијанецот Јаник Синер денеска оствари голем повиг и го победи Новак Ѓоковиќ на Австралија Опен, место каде што најдобриот светски тенисер доминираше во изминатите години.

Со овој пораз на Ѓоковиќ беа прекинати и две неверојатни серии кои можеби никогаш нема да се повторат (ТУКА).

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Италијанскиот ас успеа на Ѓоковиќ да му го нанесе и првиот полуфинален пораз во кариерата, посебно е интересно што за него ова ќе биде прво грен-слем финале.

Како играше Синер денеска најдобро покажува податокот дека Ѓоковиќ во четири сета немаше ниту една брејк шанса. Такво нешто на Новак никогаш не му се случило во кариерата на големите турнири.

За Синер ова беше трета победа против Ѓоковиќ во само неколку месеци, претходно го победуваше на завршниот Мастерс во Торино и Дејвис Купот. Ќе потсетиме, во Торино Ѓоковиќ загуби во групната фаза, но му се реваншираше во финалето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ова е следниот турнир каде ќе игра Ѓоковиќ

Како што стојат работите, Новак Ѓоковиќ веќе одреди на кој турнир ќе се појави по подолга …