Дома Останати Синер отпушти двајца соработници: Не се чуствувам сигурен

Синер отпушти двајца соработници: Не се чуствувам сигурен

Најдобриот тенисер во светов во моментов според АТП листата, Јаник Синер, веќе неколку дена е во центарот на голем допинг скандал.

Синер два пати бил позитивен на допинг тест во март оваа година, за време на турнирот во Синсинати.

Како екраните влијаат на детскиот развој? Разговор со дефектолог


Пред почетокот на УС Опен, Синер ги отпуштил физиотерапевтот Џакомо Налди и кондицискиот тренер Умберто Ферара, при што првиот е посочен како главен виновник за контаминирањето на тениската ѕвезда со забранетата супстанца клостебол.

„Сакам да кажам дека тие двајца беа многу важен дел во мојата кариера. Две години работевме заедно и беа неверојатни. Бевме добар тим, но сега поради овие грешки, не се чувствувам сигурно да продолжам да работам со нив. Моментално ми е потребен простор. Многу нешта ми се случија во последните неколку месеци. Сега ми е потребен свеж воздух“, беше реакцијата на Синер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Teнисер доживеа шок – доби суспензија на 20 години!

Меѓународната агенција за интегритет на тенисот (ITIA) соопшти дека францускиот тенисер Кв…