Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е внимателен пред големото дерби со Реал Мадрид и изјави дека нема да обрне внимание на последниот пораз на „кралевите“.
„Не ги оценувам нашите ривалите по нивниот последен натпревар, туку по нивните карактеристики и потенцијал. Ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во светот. Пет натпревари без пораз на „Бернабеу“? Јас не го анализирам минатото. Во фудбалот се живее во моментот. Утре ќе имаме сосема поинаков натпревар во споредба со нашите претходни натпревари со нив. Ова се посебни дуели. Реал се справува многу добро без Кристиано Роналдо“, изјави Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Ова се дуели исполнети со емоции – за мажи и големи личности. Оние кои успеваат да играат при овие емоционални граници, се фудбалерите, кои на крајот одговараат природно на играта и ги решаваат натпреварите на тимот. Во важните дуели, играчите сами наоѓаат начин, при кој ќе се претстават што е можно подобро. Сум бил фудбалер и кога ќе дојдат овие дуели и знам дека личноста и карактерот на секој придонесува за зајакнување на тимот како сума од индивидуалности“, рече тој.
? ? | #ATMFLASH
? @Simeone attended the media before #RealMadridAtleti
? Take a look at what Simeone has to say about tomorrow's match#AúpaAtleti pic.twitter.com/P8LHeVkNNU— Atlético de Madrid (@atletienglish) September 28, 2018