Дома Фудбал Симеоне одговори на критиките за играта

Симеоне одговори на критиките за играта

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне одговори на големите критики во однос на играта на тимот против Манчестер Сити во Лигата на шампиони.

Атлетико играше крајно дефанзивно против Сити со формација 5:5:0, што наиде на жестоки критики.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


„Критики? Не мислам за тоа што другите зборуваат за нас! Секој си има сопствено мислење и јас го респектирам. Ние треба да продолжиме да работиме и да го даваме најдоброто за Атлетико“, изјави Симеоне.

Пред реваншот со Манчестер Сити, на „јораганџиите“ им претстои дуел со Мајорка во Примера.

„Примера е комплетно различна од ЛШ. Фокусирани сме на следните натпревари и сакаме да постигнеме најдобри резултати“, додаде Чоло.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вака ќе изгледа топката на Светското првенство 2026 (Видео)

ФИФА официјално ја претстави топката со која ќе се игра на Светското првенство во 2026 год…