Дома Фудбал Симеоне објасни зошто Роналдо е подобар од Меси

Симеоне објасни зошто Роналдо е подобар од Меси

Стратегот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне направи споредба и посочи зошто повеќе би сакал да го има Роналдо отколку Меси во својот тим.

Симеоне направи споредба помеѓу Лионел Меси и Кристиано Роналдо и ги откри главните разлики меѓу двајцата најдобри фудбалери во последната деценија.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


„Тоа што јас можам да го видам е тоа дека Роналдо многу подобро се снаоѓа во тим кој има многу помалку солуции затоа што тој има решение речиси за сите ситуации. За тим кој се фокусира на фудбалот, Меси е подобар. Сепак, Кристиано може да го реши натпреварот на неколку различни начини, него не му требаат десет напади“, истакна Симеоне.

„Постигна два гола со глава против нас и не исфрли од натпреварувањето. Лионел, во напаѓачки тим секогаш игра подобро, Кристиано може да реши натпревар и во две акции, тој ги поедноставува работите“, заклучи Аргентинецот.

Ова не е прв пат аргентинскиот стратег да му даде предност на Роналдо пред својот сонародник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Челниците на Челси донесоа одлука за судбината на Росениор!

Иако неодамна седна на клупата на Челси, многу навивачи на овој тим веќе сакаат да го вида…