Дома Фудбал Симеоне и Атлетико се „сопнаа“ против фенерџијата (ВИДЕО)

Симеоне и Атлетико се „сопнаа“ против фенерџијата (ВИДЕО)

Еспањол и Атлетико Мадрид ги поделија бодовите во денешниот натпревар од 26. коло од шпанската Ла Лига одигрувајќи 1:1.

Домаќините подобро влегоа во натпреварот и стигнаа до водство. Се играше 24. минута кога Стефан Савиќ ја погоди сопствената мрежа. Тоа беше и конечниот резултат во првото полувреме.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


На самиот почеток во продолжение гостите стигнаа до изедначување. Саул погоди во 47. минута.

Тогаш изгледаше дека „јорганџиите“ ќе стигнат до цел плен, но сепак не успеаа да го загрозат голот на домаќинот и до крајот остана 1:1.

Атлетико после ова реми остана на 4. позиција со 44 освоени бодови, додека Еспањол е последен со само 20.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Oва е веќе бизарно: Погледнете за што фудбалер на Евертон доби црвен картон (Видео)

Евертон одигра 1:1 пред своите навивачи, иакого отворија резултатот со гол од Кин во 17. м…