Дома Фудбал Останато Симеоне за победата на Ливерпул: Фудбалот е како бокс, мора да знаеш кога да нападнеш

Симеоне за победата на Ливерпул: Фудбалот е како бокс, мора да знаеш кога да нападнеш

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне објасни како неговиот тим го елиминираше Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Актуелниот европски шампион беше голем фаворит во двомечот, но тимот на Симеоне успеа да слави на „Енфилд“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Јирген Клоп после тој меч го критикуваше дефанзивниот пристап на „јорганџиите“, па Аргентинецот денес даде одговор.

„Фудбалот е како бокс, затоа што мора да знаете кога да нападнете. Во Атлетико ги знаеме способностите што ги имаме како тим. Најновиот пример е кога игравме против Ливерпул – тие се неверојатен тим, но знаевме дека би можеле да ги удриме. Кога ќе разговараат за тоа колку бевме среќни, би им рекол дека ние сме тим кој загуби 0:2, но успеа да постигне три гола. Ова не е среќа. Треба да се гледа целиот дуел“, изјави Диего Симеоне.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Касемиро како никој да не го сака – се јавил само еден клуб!

Зимскиот трансфер период за 2026 година веќе заврши, а клубовите се активно подготвуваат з…