Барселона обезбеди место во финалето од Купот на Шпанија после трилер натпревар против Атлетико Мадрид, кој се жали на арбитражата на „Камп Ноу“.
Неоправдано поништениот гол на Гризман на средина од второто полувреме е главна тема денес во медиумите, а своето незадоволство од судиите јавно го искажа и тренерот Симеоне.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Горд сум на мојот тим, кој играше со срце и го напуштивме теренот со кренати глави. Што можам да кажам за судењето? Неправда ни е нанесена, тоа е сигурно. Сега сите знаете зошто ни е полесно во Лигата на шампионите, отколку во Примера и Купот на Кралот“, изјави Симеоне по натпреварот.
Атлетико Мадрид минатата сезона ја елиминира Барса во четвртфиналето на Лигата на шампионите, па Симеоне алудираше дека шпанските судии ја протежираат Барса.