Дома Фудбал Репрезентации Силенсен бесен на Де Бур: Ми кажа дека сум прв голман па ме отпиша!

Силенсен бесен на Де Бур: Ми кажа дека сум прв голман па ме отпиша!

Првиот чувар на мрежата на репрезентацијата на Холандија Јаспер Силенсен бесно реагираше на одлуката на Франк Де Бур да го отпише од патниците за Европското првенство.

Силенсен доби позитивен тест непосредно пред тренинг-кампот на Холандија. Прво беше најавено дека ќе се приклучи пред тргнувањето, но Де Бур потоа ја смени одлуката. Силенсен за холандските медиуми зборуваше дека таквата одлука на селекторот не му е јасна.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„На објавениот поширок список јас се уште бев прв голман, а Де Бур знаеше дека имам корона. Пред заминувањето во Португалија ми кажа дека ќе се приклучам штом ќе добијам негативен тест. Не знам што се смени да ја промени одлуката, немам ниту образложение, не ми даде никаков одговор. Само ми се јави и ми соопшти, никогаш не сум се чувствувал повеќе беспомошен, гневен и очаен како сега“, изјави Силенсен.

Ќе потсетиме, Холандија на Европското првенство ќе игра во група со нашата репрезентација. Со Холанѓаните ќе се сретнеме во третото коло од групната фаза во Амстердам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Јунајтед ќе се обиде да го задржи Мегваер со нов договор

Управата на Манчестер Јунајтед ќе му понуди нов договор на Хари Мегваер, соопштуваат разли…