Дома Македонски спорт Мак фудбал Силекс се потсети на Ѕинго: Еднаш претседател – секогаш претседател!

Силекс се потсети на Ѕинго: Еднаш претседател – секогаш претседател!

Кратовски Силекс денес се потсети на Љубисав Иванов – Ѕинго кој почина пред една година.

„Еднаш претседател – секогаш претседател. Денес се одбележува една година од смртта на Љубисав Иванов – Ѕинго.Сега, таму горе, на своите најблиски соработници ќе им ја соопшти радосната вест – Македонија ќе игра бараж за Светско првенство,нешто за кое тој ги постави темелите на 7. февруари 1993 година кога застана на чело на Фудбалскиот сојуз на Македонија – пласман на фудбалската репрезентација на Македонија на едно големо фудбалско натпреварување.Претходно,Македонија во 2020 година обезбеди пласман на ЕВРО 2020,со што оствари уште една негова желба.Наша должност е да продолжиме по патот кој тој го трасираше. Да се грижиме за македонскиот фудбал“, стои во клупското соопштение на социјалните мрежи.

Вардар сигурен, Шкендија има шанси, Силекс и Работнички тешко! ↓↓↓


Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…