Силекс денес одигра 1:1 против Петрокуб на домашен терен во првото коло од Конференциската лига.
Имаше среќа денес Силекс на теренот на ФФМ да ја искористи првата прилика и да постигне гол преку Кристијан Додевски уште во четвртата минута. Од тој момент тимот на Петрокуб ја презема иницијативата и создаде неколку шанси за гол.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Најистакнат поединец кај гостите во тие моменти беше Јосипој околу кого се одвиваше скоро се во играта на Петрокуб. Силекс до добра прилика за погодок после голот за водство имаше во 27. минута.
И повторно Силекс по таа прилика играше повлечено, а потоа во 41. минута кога малку се очекуваше кратовци ја погодија стативата од противничкиот гол со удар од далечина. Тоа беше и најголемата прилика на натпреварот со исклучок на голот на Додевски.
Петрокуб стигна до изедначување во последните моменти од судиското продолжение, преку Платица кој најдобро се снајде после една мешаница.
Во второто полувреме Силекс како да ги загуби силите или пак стрегот Михајлов сметаше дека овој резултат е добар пред реваншот на гостински терен. Петрокуб веднаш на стартот имаше две одлични прилики меѓутоа голманот Божиновски забележа две одлични интервенции.
Силекс најголемата прилика ја имаше во 83. минута кога Дарко Алесковски доби одлична топка во петерецот, но шутираше над голот.
Во ист термин денес натпреварот од Конференциска лига го играше и тимот на Струга Трим Лум кој гостуваше во Лиепаја. Струга одигра 1:1 со голот на Исени кој го постигна во 93. минута од натпреварот. Претходно Додо ја доведе Лиепаја во водство во првото полувреме.