Дома Фудбал Англија Силва херој за „Граѓаните“: Шпанецот како во најдобрите денови

Силва херој за „Граѓаните“: Шпанецот како во најдобрите денови

Фудбалерите на Манчестер Сити славеа над Стоук со 2:0 во последниот меч од 30. коло во Премиер лигата.

Херојот на победата за Сити беше Давид Силва, кој ги постигна обата погодоци во 10. и 50. минута.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Пеп Гвардиола изнесе силен состав, се вратија Фернандињо и Стерлинг по кратка пауза додека Жезус го менуваше повредениот Агуеро.

Веќе во 10. минута, гостите поведоа, Стерлинг веднаш запиша асистенција по три натпревари пауза, од десното крилно го најде Силва кој погоди за 1:0. Имаше Сити шанси и за поубедлив пораз, Сане имаше шанса, но на полувреме сепак се замина со овој резултат.

По само пет минути игра во продолжението, Жезус го проигра Силва, а тој повторно се покажа дека е во фантастична форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Откриени тајни преговори меѓу УЕФА и два гиганти – се разговарало за Супелига во поинаков формат!

Проектот на Супер лигата беше најавен во 2021 година, добивајќи поддршка од неколку европс…