Денес стартува Лигата на шампионите и веќе во првиот ден имаме вистински спектакл, се сретнуваат Ливерпул и Пари Сенжермен.
Ливерпул ги има Салах, Мане и Фирмино, додека на другата страна ќе напаѓаат Нејмар, Мбапе и Кавани, па капитенот на „светците“, Бразилецот Тиаго Силва е убеден дека вечерва ќе се сретнат екипите со најсилен напад.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не се сомневам дека вечерва ќе гледате натпревар помеѓу двата клубови со најдобар напад на планетава. И во нашиот и во нивниот тим има тројца неверојатни напаѓачи кои во секој момент можат да бидат опасни за противникот“, изјави Силва.
Во домашните првенства и Ливерпул и ПСЖ имаат максимален учинок.
ПСЖ во Франција победи во првите пет кола и освои 15 бодови со 17 постигнати погододоци. Ливерпул во Англија освои исто толку бодови од ист број бодови, но „црвените“ постигнаа четири погодоци помалку.