Дома Трансфер зона Се чека уште едно „да“ за Јувентус да ја претстави новата „деветка“

Се чека уште едно „да“ за Јувентус да ја претстави новата „деветка“

Aко му веруваме на познатиот италијански новинар Фабрицио Романо Јувентус наскоро ќе ја претстави новата „деветка“.

Според неговите информации се чека само уште Аркадиуш Милик да ги договори личните услови и да каже „да“ на Рома. Милик денес го напуштил тренингот на Наполи и јасно најави што се случува, односно даде знак дека преговорите се во завршна фаза. Иако вчера се појави шпекулација дека трансферот може да пропадне.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тоа ја отвара и вратата за трансферот на Џеко во Јувентус. Џеко личните услови со Јувентус ги договори од претходно и преговорите на Милик се единствена „кочница“. Многу брзо се очекува тоа да се реши.

Џеко засега е како единствена опција, Суарез отпадна, а на Пирло му се брза тоа го покажа со изјавата од пред неколку дена во која порача дека потребен му е напаѓач. Се шпекулираше за Ел Шарави и за Кин од Евертон, сепак тие се резервни опции ако со Џеко нешто тргне во погрешна насока.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал и Ливерпул го сакаат Брахим Дијаз

Брахим Дијаз минатото лето се врати во Реал Мадрид и ја потврди својата класа, но оваа сез…