Многу брзо, веројатно и во наредните часови се очекува грчки Олимпијакос да добие нов тренер.
Најавите се дека Карлос Корберан кој има 39 години ќе го наследи Педро Мартинс. Португалскиот стратег е пред отказ после бламажата на Олимпијакос и поразот од Макаби Хаифа во квалификациите за ЛШ од 0:4.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Во последните три години Корберан работеше во Хадерсфилд и Лидс во Англија, а претходно во Ермис, Докса и Алкорон.
Во претходните денови со Олимпијакос се поврзуваше и македонскиот репрезентативец Енис Барди. Сега грчките медиуми објавија дополнување на ова, а тоа е дека наводно се чека и официјално да биде промовиран новиот стратег за Барди да потпише за овој тим.
Според информациите Барди во Олимпијакос го чека договор на три години.