Раководството на Фудбалскиот сојуз на Англија се припрема за ситуација која би следела откако Велика Британија ќе ја напушти Европската унија.
Велика Британија изгласа излегување и започна преговори за напуштање на Европската унија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Во таков случај голема промена би претрпела и Премиер лигата каде што би можеле да играат најмногу 12 странци, место досегашните 17. Меѓутоа во таква ситуација како странци ќе се сметаат и играчите кои доаѓаат од земјите членки на унијата, што во овој момент не е случај. Така во овој момент дури 13 клубови имаат повеќе од 12 странци, а помеѓу нив се и сите клубови од врвот на Премиер лигата.
Ваквата ситуација би можела да биде добра за репрезентација, со оглед на тоа дека во таква ситуација англиските фудбалери сигурно би имале повеќе простор.