Дома Топ вести Се чека одлуката на Ла Лига: Барса за дуелот со Мајорка има само девет играчи!

Се чека одлуката на Ла Лига: Барса за дуелот со Мајорка има само девет играчи!

И Барселона е еден од тимовите со големи проблеми со коронавирусот.

Стратегот на Каталонците, Чави Ернандез за натпреварот со Мајорка во Ла Лига ќе има само девет играчи на располагање. Засега натпреварот не е одложен и се чека одлуката на Ла Лига.

„Без вино, животот би бил…“ – искрен разговор со енологот Теодор Бојаџиев


Последни кои добија позитивни тестови во Барселона се Сержињо Дест, Кутињо и Езалзули. Од претходно надвор од ростерот поради ковид се Дембеле, Умтити, Алба, Ленгле, Алвеш и Балде. Во составот Чави има и повредени играчи како Брајтвајт, Депај, Фати и Педри.

Лук де Јонг, Френки де Јонг, Пуџ, Пике, Араухо, Мингеза, Ерик Гарсија и голманите Тер Штеген и Нето, се само оние кои Чави ги има на располагање од сениорскиот тим.

Останува да видиме дали Ла Лига ќе го одложи натпреварот или Барселона ќе биде приндена да повикува фудбалери од младинскиот состав со цел да собере доволен број на играчи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Барселона го дочекува Билбао на Ноу Камп, капацитет 45.401 место

Барселона соопшти дека натпреварот од 13. коло на шпанската Ла Лига против Атлетик Билбао …