Капитенот на фудбалската репрезентација на Аргентина изјави дека неговата екипа се намачила против Нигерија во која обезбеди пласман во 1/8 финалето на Светското првенство.
Аргентина ја победи Нигерија со 2:1 со головите на Меси во 14 минута и Маркус Рохо во 86 минута. Голот за Нигерија го постигна Виктор Мозес од пенал во 51 минута.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Многу се мачевме. Ситуацијата беше тешка. Многу и ризикувавме. Секако, ова беше големо олеснување за сите нас. Знаевме дека не чека тежок натпревар, но за среќа ја исполнивме целата. Верувавме до последен момент и на крајот успеавме“, изјави Меси.
За медиумите зборуваше и селекторот Сампаоли, за кого многумина сметаат дека во овој момент нема никакви влијание на екипата.
„Го имаме најдобриот фудбалер во светот, а останатите мораат тоа да го искористат. Поради тоа кажав дека натпреварот против Хрватска е наш проблем, а не негов. Кога Лео ме гушна почуствував гордост и бев среќен бидејќи тој знае со колкава страст ја работам оваа работа. Тој знае дека имаме заеднички сон и дека во Русија сме за да направиме нешто големо за Аргентина“, изјави Сампаоли.
Аргентина во сабота во осминафиналето од Мундијалот ќе игра против Франција.