Дома Фудбал Се стесни изборот за нов претседател на Барселона

Се стесни изборот за нов претседател на Барселона

Дирекната битка за претседателското место во Барселона ќе се води меѓу тројца кандидати, стана јасно денес.

До пред неколку дена вкупно деветмина изразија спремност да учествуваат на изборите, но сега е јасно дека главната битка ќе се води меѓу тројца кандидати: Жоан Лапорта, Виктор Фонт и Тони Фрејша.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Останатите шест кандидати отпаднаа од трката поради различни причини. Некои не успеаа да ги соберат неопходните потписи, а денес последен се откажа Емили Русад.

Од утре тројцата кандидати ќе имаат една недела за предизборна кампања, а изборите ќе се одржат на 24 јануари. Меѓутоа, има веројатност изборите да бидат одложени поради влошените услови поради пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Енрике збесна и го грабна Педро за врат, а потоа го удри во лице (Видео)

Челси ја комплетираше својата блескава кампања со убедлива победа од 3-0 против ПСЖ во фин…