Англиските медиуми најавуваат напад на Реал Мадрид на фудбалерот на „граѓаните“ веќе во зимскиот преоден рок.
Реал Мадрид е во проблеми пет натпревари се без победа, а во тој период постигнаа само еден гол и доколку нешто брзо не се промени се очекува Лопетеги да биде сменет.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Се покажа дека управата не постапи баш најдобра кога не ангажираше адекватна замена за Кристиано Роналдо. Сега наводно ќе се обидат да ја исправат грешката во јануари, а една од метите медиумите на Островот пренесуваат дека е Рахим Стерлинг од Манчестер Сити.
Англискиот фудбалер според информациите е на радарот на „кралевите“ подолго време. Стерлинг има уште 18 месеци од договорот со Сити, бара покачување од 100.000 фунти на актуелниот договор од 175.000 неделно, што управата на клубот од „Етихад“ не е спремна да му го понуди.
Се наведува дека Реал ќе се обиде да го доведе Стерлинг за сума од 100 милиони фунти (113 милиони евра).
Гвардиола секако не би сакал да се откаже од фудбалер каков што е Стерлинг, но доколку фудбалерот одбива да го продолжи договорот и остане доследен на своите барања како ќе се наближува крајот на договорот неговата цена веројатно ќе опаѓа.
Поради тоа доколку Перез навистина понуди 100 милиони фунти „граѓаните“ би требало да ја разгледаат понудата.
Real Madrid are reportedly ready to bid for Raheem Sterling.
Man City aren't changing their stance on his contract demands.
Gossip: https://t.co/nneJh73rAR #MCFC pic.twitter.com/OFHyvonLnT
— BBC Sport (@BBCSport) October 21, 2018
https://www.youtube.com/watch?v=jFCrjoGHie0