Францускиот стратег Зинедин Зидан неодамна се врати во Реал Мадрид откако во овој клуб неуспешни епизоди имаа Јулиен Лопетеги и Сантијаго Солари.
Перез на крајот после 284 дена се одлучи да го врати човекот кој на Реал му донесе три титули во низа во Лигата на шампионите.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега по враќањето Зидан ќе направи реконструкција со фудбалери по негова желба.
Веројатно сега станува јасно дека Зидан го напуштил Реал Мадрид затоа што не добил дозвола од Перез да направи реконструкција на тимот. Првиот човек на Реал изгледа беше во „тесно“ и мораше во вториот мандат на Зидан да му го овозможи и тоа.
Зидан има подолга листа на која според информациите на шпанските медиуми се наоѓаат: Милан Скриниар од Интер, Матијас Де Лихт од Ајакс, Алаба од Баерн, Кулибали од Наполи, Алонсо од Челзи, се споменуваат уште и ѕвезди како Милинковиќ Савиќ, Пол Погба, Нејмар, секако тука е и Еден Азар за кој изгледа се најголеми шансите да направи трансфер во Мадрид. Ќе потсетиме Реал неодамна веќе го обезбеди потписот на дефанзивецот на Порто, Едер Милитао.
Кога пристигнуваат фудбалери јасно е дека мора да има и заминувања, па така први на излезна врата се Маријано Диаз, Иско, Герет Бејл, Федерико Валверде, Маркос Љоренте и Дани Себаљос.
Ова лето сигурно ќе биде интересно да се следат случувањата во шпанскиот гигант.