Тимот на Челзи е блиску до ангажирање на нов голман.
Нов член на лондонскиот клуб би требало да стане искусниот Роб Грин (38) кој ова лето требаше да оди во пензија, но очигледно ја променил својата одлука.
Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓
Грин на „Стенфорд Бриџ“ веројатно би ја имал улогата на трет голман, зад Куртоа и Вили Кабаљеро, но постои и можност да стане втор избор доколку Куртоа го реализира најавуваниот трансфер во Реал Мадрид.
Искусниот голман последниот натпревар го одигра во август 2018 година за Лидс во ЕФЛ Купот, после што премина во Хадерсфилд каде што беше втора опција.
Во својата кариера овој искусен голман го носеше дресот на Норвич, Вест Хем и Квинс Парк Ренџерс.