Секој ден англиските медиуми пишуваат за интересот на големите премиерлигашки клубови за некој играч, но ретко во текстовите ни ја донесуваат целосната листа на желби.
Но, тука и таму се појавува некоја повремена проекција која веднаш привлекува големо внимание. Така беше и денес, кога медиумите ја напишаа комплетната листа на желби на Евертон.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Карамелите“ имаат богати сопственици, кои конечно се одлучија да направат тим за да се борат за повисоките позиции. А кој се наоѓаат на таа листа?
Најугледните британски медиуми пишуваат: Џордан Пикфорд (Сандерленд), Дави Класен (Ајакс), Сигурсен (Свонси), Мајкл Кин (Барнли), Кучо Мартина (Саутемптон), Сандро Рамирез (Малага). Е сега, некои се прашуваат, кои се овие фудбалери, но со просечно познавање на фудбалот, нема потреба од дополнително објаснување.
Со веќе многу солиден тим, засилувања и останување на Лукаку, имаме сосема јасен ривал во борбата за највисокиот пласман. Доколку го земеме и во предвид важниот факт и старосната структура на листата на желби, се ќе ни биде јасно.
Сите овие играчи веќе долго време ги сакаат и богатите клубови од Европа, но изгледа дека сепак дојде моментот кога славниот клуб од Ливерпул ќе го одврзе кесето и ќе се врати на старите славни денови. Време е ! Шоуто може да започне.