Сеуште се свежи сеќавањата на судирот на руските и англиските хулигани на Европското првенство во Франција, а продолжение се очекува наредното лето на Светското првенство во Русија.
Англичаните се изборија за настап на Мундијалот и сега се очекува голем број навивачи од Островот да пристигнат во Русија, а тука се уште Германија и Полска, репрезентации кои се познати по своите хулигани.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
После долг период шанса да го почуствуваат духот на едно Светско првенство ќе имаат и навивачите на Србија, а руските хулигани отворено ги повикаа спрските да се здружат во текот на Мундијалот.
Оваа тема предизвика голем број коментари на друштвените мрежи, но и не треба да зачудува со оглед на тоа дека навивачите на Спартак Москва се во братски односи со „делиите“, додека фановите на ЦСКА се збратимени со „гробарите“.
Доколку преку баражот пласман во Русија обезбеди и Хрватска, руската полиција ќе има полни раце работа, па останува да се види како ќе биде решен проблем со безбедноста на ова Светско првенство.