Дома Останати Авто Мото Се снима филм за животот и кариерата на Михаел Шумахер!

Се снима филм за животот и кариерата на Михаел Шумахер!

Поминаа повеќе од пет години откако Михаел Шумахер настрада на одморот на француските Алпи. Легендарниот возач тогаш скијал на неозначен дел од стазата, незгодно паднал и удрил директно со блавата во поголем камен и од тогаш за неговата состојба не се знае многу.

Шумахер се уште се опоравува, а во медиумите од време на време се појавуваат информации за неговата состојба, меѓутоа засега нема ништо потврдено.
Сега неговата сопруга Корина и неговиот татко Ралф за прв пат ќе зборуваат пред камерите после несреќата.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, најавено е дека ќе се снима документарец за животот на Шумахер.

Филмот ќе се вика „Шумахер“, а идејата ја добил Бенџамин Сеикел. Премиерата овој документарец посветен за животот на легендарниот возач ќе ја има кон крајот на оваа година.

„Филмот не само што прикажува една неспоредлива кариера, ќе има многу делови од неговиот приватен живот. Михаел ќе биде прикажан како немилосрден и голем возач во Формула 1, амбициозен спортист и голем механичар со единствен технички дух, но некој кој е верен тимски играч и сакан семеен човек“, објаснија продуцентите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Белгија никако не може да го пробие бункерот на Македонија (Видео)

Македонската репрезентација во Гент против моќната Белгија ја игра натпреварот со изразено…