Дома Фудбал Репрезентации Се сеќавате на Аврам Грант? По четири години има нов ангажман – ќе биде селектор!

Се сеќавате на Аврам Грант? По четири години има нов ангажман – ќе биде селектор!

Поранешниот тренер на Челзи и Партизан, Аврам Грант (67) денеска доби нов ангажман.

Израелскиот стратег стана нов селектор на репрезентацијата на Замбија, која ќе ја води во следните две години, потврди замбиската федерација.

Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓


„Барав вистински предизвик и затоа ја избрав Замбија. Дојдов со надеж дека луѓето ќе бидат задоволни од нашата работа и дека тоа ќе биде основа за успех во иднина“, рече Грант на конференцијата.

Неговиот претходен тренерски ангажман беше пред четири години кога кратко време го водеше Нортист Јунајтед од Индија.

Грант ќе го има своето домашно деби за Замбија против Лесото во март следната година кога ќе започне Купот на нации во Брегот на Слоновата Коска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Гатузо најави заминување, па предложи нов тренер за Хајдук!

Хајдук беше блиску, а сега е далеку од титулата во Хрватска.  Има три бода помалку од Риек…