Дома Фудбал Останато Се сеќавате ли на Савиола, сега има нов ангажман!

Се сеќавате ли на Савиола, сега има нов ангажман!

Постарите љубители на фудбалот сигурно се сеќаваат на една од најголемите надежи на аргентинскиот фудбалот, играчот поради кој веројатно е измислен прекарот „вечен талент“.

Неговото име е Хавиер Педро Савиола Фернандез, или поедноставно Хавиер Савиола. Тој е фудбалер кој преку своите одлични настапи во Ривер Плата се избори за повик во Европа.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Тоа беа турбулентни години за Барселона, после заминувањето на Луис Фиго во Реал Мадрид, Каталонците бараа негова замена, а изборот падна токму на младиот Савиола.

Во 2001 година пристигна на „Камп Ноу“ каде што се задржа до 2007 година. Имаше одредени одлични периоди во екипата, но „сетот“ добри натпревари го менуваше со сет безвредни настапи кои нема потреба да се споменуваат.

Поради неконстатноста во играта прво беше испратен на позајмица во Монако, па потоа во Севиља, каде што го поправи впечатокот во Барселона. Потоа преминува во Реал Мадрид каде што се задржа две сезони, но ниту таму не успеа да ги повтори настапите кои ги прикажуваше во Монако и Севиља и на стартот во Барса.

После само 17 натпревари и четири постигнати погодоци Реал се збогуваше, а потоа за овој фудбалер следуваше вистинско фудбалско патешствие. Бенфика, Малага, Олимпијакос, Верона, а во сезоната 2015/2016 се врати во Ривер Плата каде што ја заврши кариерата.

Пред неколку дена една од ударните вести во реномираниот шпански медиум „Ел Мундо Депортиво“ беше дека Хавиер Савиола има нов ангажман.

После пензионирањето, Савиола во Андора доби УЕФА Про лиценца за тренер. Првиот ангажман му беше во екипата Ордина, каде ја извршуваше функцијата помошен тренер во кадетскиот тим.

Можеби, но само можеби, ова е прилика за негов нов живот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Реал го сака бекот на Манчестер Јунајтед

Реал Мадрид е во потрага по десен бек кој ќе биде долгорочна замена за Картвахал и тоа ќе …