Дома Фудбал Репрезентации Се редат проблеми за Јунајтед: Пред Ливерпул се повреди Де Геа

Се редат проблеми за Јунајтед: Пред Ливерпул се повреди Де Геа

Давид Де Геа вчера бранеше за Шпанија во натпреварот од квалификациите против Шведска.

Шпанскиот голман бранеше одлично во текот на натпреварот, но мораше да ја напушти играта после 60 минути.

Кој е фаворит за трофејот во Првата лига!? | Overtime with TJ


Де Геа не можеше да го продолжи натпреварот кој сигурно беше еден од најдобрите во сезонава. Само благодарение на него Шведска не постигна повеќе од еден гол.

Најспектакуларна одбрана на Де Геа беше онаа во првото полувреме.

Повредата на Де Геа доаѓа во многу лош момент за Манчестер Јунајтед бидејќи „црвените ѓаволи“ во викендот кој следи ги очекува натпревар против Ливерпул кој е во одлична форма.

Според она што се објави во прв момент Де Геа има проблеми со мускулот и се чекаат подетални информации за каракатерот на неговата повреда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Реал потроши 45 милиони на човек кој никогаш не стапна на теренот

Бразилскиот фудбалер Реиниер Жесус Карваљо (23) повеќе не е играч на Реал Мадрид. Тој ја п…