Дома Македонски спорт Мак фудбал Се разделија Достаниќ и Рабонтички

Се разделија Достаниќ и Рабонтички

Фудбалскиот клуб Работнички на спогодбен начин ја прекина соработката со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во пролетниот дел од првенството ќе има нов шеф на стручниот штаб.

„Дојде до разделба со шефот на стручниот штаб Ратко Достаниќ. Во меѓусебен разговор оценивме дека во моментот најдобро е да има спогодбен раскин на договорот со тренерот Достаниќ. ФК Работнички му се заблагодарува за професионалниот пристап и напорната работа и му посакува се најдобро во натамошната кариера. Во наредните неколку дена ќе се посветиме на изнаоѓање најдобро решение за тренерската позиција во клубот“, вели претседателот на клубот, Драган Поповски.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Работнички го заокружи есенскиот дел од првенството на седмата позиција со 24 бода. Тимот оствари пет победи, четири порази и имаше девет нерешени исходи

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Фудбалските надежи на Македонија до 19 години ќе одиграат два натпревари со Словачка

Репрезентацијата на Македонија до 19 години кон средината на април ќе одигра два контролни…