Борусија Дортмунд објави дека се разделува со тренерот Марко Розе.
Во соопштението клубот објави дека е во потрага по нов тренер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Борусија Дортмунд и тренерот Марк Розе ја прекинуваат соработката. Тоа е резултат од анализата на минатата сезона. Во разговорите покрај тренерот Розе учествуваа, Ханс Јаким Вацке, Михаел Зорц, Себастијан Кел и Матијас Дамер“, стои во соопштението.
Кој ќе биде негова замена?
Според најавите од Германија тоа ќе биде Германецот со хрватско потекло, Един Терзиќ. Терзиќ често пати беше дел од стручниот штаб на Борусија, а во 2020 година ја водеше екипата до крајот на сезоната после заминувањето на Фавр.
Остави добар впечаток, го освои купот, а германските медиуми пренесуваат дека Терзиќ ја прифатил понудата и дека во наредните денови ќе биде претставен како нов тренер.