Дома Македонски спорт Се проширува црвено-црното семејство: Вардар добива рагби клуб!

Се проширува црвено-црното семејство: Вардар добива рагби клуб!

Наскоро семејството Вардар ќе биде зголемено за уште еден член и тоа за рагби клуб.

Претходно клубот објави повик за пријавување за нови членови, а сега најавува домаќинство на заеднички тренинг настан со националниот рагби тим на Србија.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


На 11-ти мај во 19:00 часот на теренот на ФК Работнички ќе биде одржан заедничкиот тренинг. Тренингот е отворен карактер и сите заинтересирани можат да се пријават.

„Рагби клубот Вардар ќе биде домаќин на заеднички тренинг настан со националниот рагби тим на Србија на 11.05.2023, во 19:00 часот на теренот на ФК Работнички, веднаш до националната арена Тоше Проески. Настанот има за цел да го промовира спортот во Македонија и да изгради поблиски врски помеѓу двете земји. 🏉

Настанот е од отворен карактер, сите заинтересирани можат бесплатно да тренираат, и да одработат еден рагби тренинг!“, стои во објавата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…