Дома Фудбал Се појави ново видео од тепачката на хулиганите на АЕК и Динамо: Еден навивач избоден до смрт, 96 уапсени!

Се појави ново видео од тепачката на хулиганите на АЕК и Динамо: Еден навивач избоден до смрт, 96 уапсени!

АЕК и Динамо Загреб вечерва играат во третото прелиминарно коло во Лигата на шампионите, но веќе се е во сенка на жестока пресметка меѓу навивачите на овие два клуба, по што еден од нив за жал почина од повредите.

За вечерашниот натпревар има забрана за гостување навивачи, но група симпатизери на Динамо сепак пристигнаа во главниот град на Грција, а на улиците синоќа владееше тотален хаос.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Дошло до жестока тепачка меѓу навивачите на АЕК и Динамо, која според неофицијални информации ја започнале навивачи на гостинскиот клуб.

Грчките медиуми пишуваат дека навивачите на Динамо дошле и се обиделе да упаднат на стадионот на АЕК, а набрзо потоа настанал целосен хаос.

Најмалку осум лица се повредени во жестока тепачка меѓу навивачите на АЕК и Динамо, а како што јавуваат грчките медиуми утринава, еден навивач за жал починал.

Станува збор за 22-годишен навивач на АЕК кој бил избоден во синоќешната тепачка, а иако брзата помош реагирала брзо, за жал лекарите не успеале да го спасат.

Уште еден навивач е во тешка и животно загрозувачка состојба, а голем дел од навивачите на двата тима по хаосот што настанал заминале во болница за помош.

Исто така, се појави ново видео на кое се гледа дел од конфликтот меѓу навивачите на АЕК и Динамо. Полицијата имала полни раце работа, а според грчките медиуми уапсени се дури 96 актери од синоќешната тепачка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Влаховиќ донесе важна одлука за кариерата и порача да не го вознемируваат!

Душан Влаховиќ во изминатите месеци постојано беше поврзуван со заминување од Јувентус. Ме…