Дома Трансфер зона Се подготвува најголемото изненадување ова лето, а главната улога ќе ја има Антоан Гризман

Се подготвува најголемото изненадување ова лето, а главната улога ќе ја има Антоан Гризман

Со враќањето во Атлетико Мадрид, Антоан Гризман се врати во старата форма и беше убедливо најдобриот играч на овој клуб минатата сезона.

Сепак, повторно се појавија шпекулации дека францускиот репрезентативец би можел да го напушти Мадрид и дека е пред неочекуван трансфер.


Роналдо - човек рекорд! Франција и Белгија во дербито на денот! ↓↓↓


Гризман згреши кога летото 2019 година го напушти Атлетико и за 120 милиони евра се пресели во Барселона каде не се прослави со своите игри.

Тој помина две сезони во Барселона, а потоа се врати во Атлетико, каде навивачите не го пречекаа баш најдобро.

Му требаше време за да ја врати нивната доверба и се чини дека успеа во сезоната зад нас.

Гризман минатата сезона беше првата ѕвезда на Атлетико Мадрид и се очекува да биде предводник на тимот на Диего Симеоне и во новата сезона.

Сепак, во Мадрид се изненадени од шпекулациите дека не е невозможно Гризман да ги напушти Атлетико и Шпанија до крајот на преодниот рок.

Се шпекулираше дека ПСЖ е сериозно заинтересиран за доведување на Гризман и дека Килијан Мбапе наводно им предложил на челниците на клубот да го доведат искусниот напаѓач.

Гризман има договор со Атлетико до летото 2026 година, но и откупна клаузула од 25 милиони евра, која ПСЖ би можел да ја активира бидејќи до крајот на преодниот рок сака да доведе уште еден напаѓач на „Паркот на принцовите“.

Покрај Гризман, Парижаните се заинтересирани и за Коло Муани, за кого ПСЖ наводно испратил понуда од Франкфурт од 65 милиони евра, но германскиот клуб ја одбил.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Не е само пласманот во четвртфиналето: Де Ла Фуенте испиша историја со победата над Грузија

Репрезентацијата на Шпанија вчера со победа од 4:1 се пласираше во четвртфиналето на Европ…